Ла Лејкерс на крилата на Ентони Дејвис славеа во Оукланд против Голден Стејт со 125-120. „Веѓата“ мечот го заврши со 27 поени и 10 скока, додека Џејмс постигна 22 поени и 11 асистенции. Во тимот на Вориорс свое деби имаше најновото засилување Ендру Вигинс, кој уфрли 24 поени.

Вториот тим од Лос Анџелес, ЛА Клиперс беа шокирани на гостувањето кај Минесота со 142-115, победа со која тимот од Минеанополис ја прекина серијата од 13 порази во низа. Кај домаќините најефикасен беше Меклафлин со 24 коша, додека првата ѕвезда Таунс уфри 22 поени и 13 скокови. На другата страна стандарно најефикасен беше Кавај Ленард со 29 поени.