Ла Лејкерси без проблем ја совладаа Атланта со 122-101, а во дресот на „езерџиите“ одново брилјираше Леброн Џејмс, кој се најде во центарот на јавноста и по тоа што беше изигран од кошаркарот на Атланта, Еван Тарнер.

Во втората четвртина ја посрамоти ѕвездата на Лејкерс, со одличен дриблинг го „фрли“ Леброн на подот, а потоа реализираше под обрачот.