Сезоната во НБА лигата после речиси пет месеци продочжи, а утрината сите очи беа вперени на дуелот меѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс на кој славеа „езерџиите“ со 103-101.

Во драматична завршница Лејкерс преку Џејмс дојдоа до победата со неговиот кош на 12.секунди до крајот, а потоа Џорџ не успеа да погоди шут за победа на Клиперс.

На вториот меч од синоќешната програма Јута Џез славеше на Њу Орлеанс Пеликанс со 106-104.