Синоќа во рамки на НЦАА кошаркарската лига во Америка се сретнаа универзитетите на Канзас Стејт и Канзас, меч кој главна тема по американските медиуми утринава, но не поради кошарката туку поради инцидентот кој го одбележа овој меч.

Имено, на неколку секунди пред крајот на средбата ДеХуан Гордон се обиде да забие , но беше изблокиран од Силвио Де Соуса кој потоа го провоцираше Гордон, потег по кој настана општ хаос на теренот.