Георги Бојанов  е нов кошаркар  на Куманово, пишуваат медиумите од Бугарија, станува збор за играч висок 201 сантиметар кој последната  сезоната настапуваше во Исланд за екипата на Рејкјавик со просек од 20 поени по натпревар.

Бугаринот роден е во мај 1993 година, игра на позиција 4, има настапувано за повеќе екипи меѓу кои и за Универзитетот во Алабама во НЦАА, Ајнтрахт во Германија и Черно Море.