Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа на гостувањето кај Јута Џез со 119:111 и поведоа со 3:2 во четвртфиналната плеј-оф серија и покрај тоа што им недостигаше Кавај Ленард.

Пол Џорџ се издвои за победникот со 32 поени, Морс постигна 25 поени а Џексон 22 поени.

Атланта успеа со пресврт да слави кај Филаделфија со 109:106 и покрај тоа што имаа негатива од 26 поени. Клучна за победата на „Јастребите“ беше завршната четвртина во која постигнаа двојно повеќе поени од противникот.