Кошаркарите на ЛА Клиперс успеаа да победат на гостувањето кај Далас со 110:107 во единствениот натпревар одигран вчеравечер во НБА лигата.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 36 поени но не реализираше од линијата за слободни фрлања во завршницата од мечот по што гостинот поентираше за триумф.

Покрај Дончиќ кој за една асистенција не успеа да запише трипл-дабл, солидна партија одигра и Ленард со 36 поени и беше клучен во триумфот на Клиперс..