Кошаркарите на ЛА Лејкерс одиграа неверојатен натпревар за победа од 117:107 против Денвер и конечни 4:1 во серијата од финалето на Западот.

Леброн Џејмс одигра незаборавен натпревар со 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции, Дејвис средбата ја заврши со 27 поени.

За Денвер се издвоија Грант и Јокиќ со по 20 поени.

Леброн Џејмс стана четвртиот кошаркар во историјата на НБА кој успеал да да се пласира десет пати во финалињата.