Загревањето за новата сезона во најсилната кошаркарска лига започна. ЛА Лејкерс во „Чејс Центар“ славеше против домаќинот Голден Стејт со 101:123.

Ентони Дејвис и Леброн Џејмс за прв пат играа заедно во дресот на „езерџиите“. Дејвис постигна 22 поени и десет скокови во деби настапот за Лејкерс, Леброн средбата ја заврши со 15 поени и осум асистенции. Кај поразените се издвои Стеф Кари со 18 поени.

Со ова започнаа подготовките за новата сезона во НБА лигата во која овие два тима се меѓу фаворитите за освојување на шампионскиот прстен.