Актуелниот првак во НБА лигата, ЛА Лејкерс ја прекина низата без победа откако славеше против Денвер со 93:89 и со ова напредуваше на петото место на Западот.

Ентони Дејвис со 25 поени беше најдобриот поединец кај победниците, во спротивниот табор се издвои Никола Јокиќ со 32 поени и девет скокови.

Вашингтон славеше во суперефикасниот дуел со Индијана со 154:141. Расел Вестбрук мечот го заврши со 14 поени и 21 скок и 24 асистенции, со стана првиот играч со повеќе од еден натпревар на кој имал повеќе од 20 поени и 20 асистенции, по оној во 2019 година.

Ова за Вестбрук беше 32 овосезонски трипл дабл, до првото место на вечната листа каде што е Оскар Робертсон му требаат уште три, досега има 178.

НБА резултати: ЛА Лејкерс – Денвер 93-89, Јута – Сан Антонио 110-99, Детроит – Орландо 112-119, Вашингтон – Индијана 154-141, Њу Орлеанс – Голден Стејт 108-123, Атланта – Портланд 123-114, Чикаго – Филаделфија 94-106, Мемфис – Њујорк 104-118.