Кошаркарите на ЛА Лејкерс се израдуваа на уште една победа во новата сезона откако славеа на гостувањето кај Хјустон со 120:102.

Ентони Дејвис со 27 поени и Леброн Џејмс со 18 поени беа најефикасни во победничкиот состав, кај поразените се издвои Вуд со 23 и Харден со 20 поени.

Резултати НБА:

Детроит – Јута 86:96

ЛА Клиперс – Чикаго 130:127

Бруклин – Оклахома 116:129

Њујорк – Денвер 89:114

Хјустон – ЛА Лејкерс 102:120

Минесота – Сан Антонио 96:88

Голден стејт – Торонто 106:105