Кошаркарите на ЛА Лејкерс загубија во големото дерби од ЛА Клуперс со 104:86.

Без Леброн Џејмс во својот состав, актуелниот шампион немаше сили за пресврт. Морис со 22 поени и Ленард со 19 поени беа најдобрите во победничкиот тим, за „Езерџиите“ се издвои Харел со 19 поени.

Никола Јокиќ се запиша во историјата на НБА лигата, надминувајќи го рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен, тој стана најуспешниот центар во историјата на ова натпреварување по бројот на двоцифрени асистенции на еден натпревар, 81.

Јокиќ во победата на Денвер против Орландо запиша 17 поени 16 асистенции и 9 скокови.

НБА резултати: ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 104-86, Чикаго – Бруклин 115-107, Бостон – Шарлот 116-86, Филаделфија – Мемфис 100-116, Атланта – Голден Стејт 117-111, Хјустон – Њу Орлеанс 115-122, Денвер – Орландо 119-109.