Кошаркарите на ЛА Лејкерс поведоа со 1:0 во финалето во НБА лигата откако го совладаа Мајами со 116:98 во воведното соочување.

По раното водство на Мајами, „Езерџиите“ во второто полувреме направија пресврт а потоа и се изборија за убедлива победа од 18 поени.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 25 поени, 13 скокови и 9 асистенции, Ентони Дејвис постгина 34 поени.

За Мајами се издвои Батлер со 23 поени, Адебајо застана на осум поени.