Кошаркарите на ЛА Лејкерс се зацврстија на второто место на табелата во Западната конференција во НБА лигата откако го совладаа Голден Стејт во дербито на вечерта со 117:91.

Леброн Џејмс беше најефикасниот играч на натпреварот со 19 поени 6 скокови и 4 асистенции, кај поразените се издвои Пашал со 18 поени, Кари застана на 16 поени.

Бостон извојува драматична победа над Вашингтон од 111:110 во натпревар на кој Беал оствари личен рекорд со 46 поени и 7 скокови за победничкиот тим.

НБА резултати:

Бостон – Вашингтон 111:110, Детроит – Њујорк 90:109, Хјустон – Мемфис 84:133, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 117:91, Мајами – Атланта 109:99, Минесота – Феникс 99:118, Сакраменто – Шарлот 126:127.