ЛА Лејкерс го запиша третиот пораз во низа на сопствен терен, загубија во продолжението од Вашингтон со 124-127, на полувремето водеа со 17 поени разлика.
Ова се сериозни знаци на резултатска криза, ЛА Лејкерс водеше со 70:53 на полувремето, а потоа „пропаднаа“, Вашингтон стигна до израмнување 115-115, на крајот победи по продолжението со три разлика, 124-127.
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 31 поен, 9 скока и 13 асистенции, на спротивната страна, Бредли Бил и Вестбрук учествуваа со 33 односно 32 поени во победата на Вашингтон.
Резултати:Оклахома – Мајами 94:108, Финикс – Портланд 132:100, Хјустон – Чикаго 100:120 и Јута – Шарлот 132:110.
Comments are closed for this post.