ЛА Лејкерси го победија Њу Орлеанс со 114-110 на негов терен, ова е девета победа во низа и вкупно 16 сезонава за оваа екипа во НБА.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа двајцата најистакнати поединци кај Лејкерси,првио мечот го заврши со 29 поени и 11 асистенции, вториот беше уште подобар со извонредни 41 поен.

Утринава се одиграа вкупно 14 натпревари во НБА лигата, Хјустон по три порази во низа конечно запиша победа, славеше над Мајами со 117-108, Харден мечот го заврши со 34 поени, Вестбрук постигна 27 на што придодаде и 9 скокови и 7 асистенции.