Кошаркарите на ЛА Лејкерс се зацврстија на првото место во Западната конфенреција во НБА лигата откако го совладаа Њу Орлеанс со 118:109.

Леброн Џејмс беше најдобриот играч на паркетот со 40 поени, Ентони Дејвис уфрли 21 поен. Кај поразентие Инграм се издвои со 34 поени, Вилијамсон постигна 29 поени.

Милвоки стигна до 50 овосезонска победа откако славеше над актуелниот првак, Торонто со 108:97. Мидлтон со 22 поени и Адетокумбо со 19 поени беа најефикасни во победничкиот состав.

На останатите натпревари:

Портланд-Бостон 106-118
Голден Стејт – Сакраменто 94-112
Индијана-Шарлот 119-108
Чикаго-Оклахома 122-124
Денвер- Детроит 115-98