Леброн Џејмс, најдобриот играч на денешницата, го запозна поранешниот претседател по натпреварот со Бруклин.

Клинтон седеше до теренот во салата на Бруклин од каде го следеше дуелот на Нетс и Лејкерс.

После натпреварот Џејмс му пријде на Клинтон, по што следеше топол разговор, кој според зборовите на кошаркарот на Лејкерс значеше многу.

„Се восхитував на Барак Обама и Бил Клинтон кога беа претседатели, а сега ми е надреално што со Обама имам пријателски однос и чест ми е што го запознав Бил Клинтон“ – рече Леброн по натпреварот.

Бил Клинтот беше 42. претседател на Соединетите Американски Држави во период од 1993. до 2001. година.