ЛА Лејкерс славеше на гостувањето кај Бруклин со 128:113. Леброн Џејмс со трипл-дабл од 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции беше најдобриот поединец во победничкиот состав.

Далас славеше во супер ефикасниот натпревар на теренот на Портланд со 133:125. Лилард постигна 47 поени но и покрај ова не успеа да спречи пораз на неговиот тим. Дончиќ во славеничкиот состав се издвои со 27 поени.

До нова гостинска победа стигнаа и кошаркарите на Вашингтон откако славеа на гостувањето кај Кливленд со 124:112.