Леброн Џејмс го предводеше ЛА Лејкерс до победа против Сан Антонио со 129-102, Џејмс мечот го заврши со 36 поени.

Лејкерси во последната четвртина одиграа маестрално, Леброн постигна дури 19 од своите 36 поени во последниот период. За Лејекрси ова беше 38 победа сезонава во која имаат  и 11 порази.

Милвоки продолжува со победите, славеше против Њу Орлеанс со 120-108, Јанис постигна 34 поени на што придодаде и 17 скокови.

Никола Јокиќ имаше 30 фантастични минути кај Дневер во победата против Портланд со 127-99. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока, 9 асистенции.