Сите знаеме какви способности на кошаркарскиот терен има светската кошарска легенда, Шпанецот Пау Гасол, а тој и преку друг спорт покажа дека знае одлично да се забавува во Олимпиското село во Токио.

41 годишната шпанска легенда во Токио по петти пат учествува на Олимписките игри, а паузата меѓу два тренинга ја искористи да се проба и во пинг понг. По убедливата победа на Шпанија против домаќинот Јапонија, славниот кошаркар малку забавувајќи се поигра пинг понг против својата сонародничка Галиа Дворак.

Високиот центар покажа дека одлично се снаоѓа и покрај „малата зелена маса“ но сепак немаше сила за победа против Дворак во нејзиниот спорт.