Во дербито на Тексас, Далас со 116:106 го совлада Хјустон благодарение на одличната игра на Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ.

Во првиот натпревар на Далас на домашен терен, блескаше Лука Дончиќ со 26 поени, 14 скокови и седум асистенции, а одличен беше и Марјановиќ со 11 поени за само девет минути. На спротивната страна, Ерик Гордон постигна 22 поени.

ЛА Лејкерс по двата порази по ред на стартот, утринава ја оствари втората победа,по продолжението со 125:121 го победија Сан Антонио и тоа без Леброн Џејмс кој е повреден.

Сан Антонио во последната четвртина влезе во предност од 87:97, но на почетокот од последната минута Монк им носи предност на Лејкерси од 114:112. Натпреварот во продолжението го однесе Бејтс-Диоп со поените на 32 секунди до крајот. Во дополнителните пет минути, тимот од Лос Анџелес беше подобар и со поените на Дејвис и на Вестбрук ја потврди победата. Ентони Дејвис имаше дабл-дабл од 35 поени и 17 скокови, додека Расел Весбтук постигна 22 поени и 10 скокови.

Денвер нагетс го доживеа вториот пораз по ред откако од нив беше подобар тимот на Јута џез со 122:110. Голем удел во поразот имаше и повредата на најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ кој кон крајот на првото полувреме го повреди коленото.

Јокиќ се повреди по судирот со Руди Гобер. Кошаркарите на Јута го искористија неиграњето на Јокиќ во последната четвртина кога направија двоцифрена предност (110:97) и не ја испуштија до крајот на натпреварот.

,,Немав можност да зборувам со лекарскиот тим, но изгледа дека не е ништо сериозно – изјави тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.