Лос Анџелес Лејкерс стигна до важна победа против Детроит на домашен терен со 110:106. Најдобар на теренот беше Леброн Џејмс со 33 поени и девет асистенции, 25 поени имаше Расел Вестбрук, Ентони Дејвис имаше 24 поени и 10 скокови.

Кај поразените во редовите на Пистонси доминираше Џереми Грант со 32 поени. „Езерџиите“ се на осмото место на Западот (11-11), а играчите на Двејн Кејси се претпоследни на Истокот (4-16).

Кошаркарите на Голден Стејт синоќа во НБА лигата како гостин ја совладаа екипата на Лос Анџелес Клиперс со 105:90 и така ја запишаа седмата победа по ред.

Вориорси до триумфот беа предводени од феноменалниот Стеф Кари кој постигна 33 поени, од кои 13 во последната четвртина, Ото Портер јуниор запиша 18 поени, а Џордан Пул кош помалку.

Најефикасен во редовите на Клиперси беше Пол Џорџ со 30 поени, а по 13 имаа Ерик Бледсо и Маркус Морис. Моментно „воините“ се на првото место во Западната конференција (18-2), а тимот од ЛА на петтата позиција (11-9).

НБА лига, резултати:

Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт Вориорс 90:105

Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс 100:118

Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 128:101

Торонто Репторс – Бостон Селтикс 97:109

Лос Анџелес Лејкерс – Детроит Пистонс 110:106