Л.А. Лејкерс слаавеа над Денвер со 114- 108 и се не чекор до финале, откако сега водат со 3-1 во серијата до четири победи.

Кај „лејкерски“ најефикасен беше Ентони Дејвис со 34 поени, а Леброн Џејмс запиша зад своето име 26 поени и 8 асистенции.

Кај Денвер, најефикасен беше Џамал Мареј со 32 поени, додека Јокиќ постигна 16 поени и беше спречен за поголем учинок, откако Србинот брзо насобра лични грешки.

Следниот натпревар се игра задутре, а пред Деневр е нов предизвик да се врати од негативата од 1-3 што претходно му успеа во два наврати.