Кошаркарите на Далас се израдуваа на победа на гостувањето кај Орландо (122:106) а најдобар на паркертот беше Лука Дончиќ.

Словенецот мечот го заврши со 33 поени, десет скокови и 8 асистенции а запаметена ќе биде неговата игра во првото полувреме во кое за 17 минути постигна 24 поени.

Порзингис уфрли 24 поени а запиша и 10 скокови и 5 блокади.

На останатите натпревари: Јута – Сан Антонио 104-113, ЛА Лејкерс – Мемфис 117-105, Портланд – Њу Орлеанс 115-128, Вашингтон – Кливленд 108-113, Њујорк – Индијана 98-106, Торонто – Феникс 118-101, Минесота – Бостон 117-127, Оклахома – Денвер 113-101.