Кошаркарите на Далас се во мини криза откако го запишаа вториот пораз во низа во НБА лигата. Чикаго славеше со 117:101 предводени од Маканен и неговите 29 поени и 10 скокови.

Лука Дончиќ со 36 поени 16 скокови и 15 асистенции беше најдобриот поединец кај поразените, со што го помина легендарниот Мајкл Џоран по бројот на остварени трипл дабл учиноци на вечната листа.

Никола Јокиќ постигна 35 поени и 14 асистенции во поразот на Денвер од Јута од 105:109.

На останатите два натпревари, Сакраменто – Њу Орлеанс 123:128 и ЛА Клиперс – Индијана 129:96.