Кошаркарската репрезентација на Словенија победи и на вториот натпревар на ЛОИ откако ја совлада селекцијата домаќин на овој турнир, Јапонија со 116:81.

Јапонците дадоа се од себе, но немаа сили за спортски подвиг. Лука Дончиќ за 26 минути на паркетот постигна 25 поени и по седум скокови и асистенции. Зоран Драќиќ беше вториот најефикасен во победничкиот тим со 24 поени. За Јапонија се издвои Хашимура со 34 поени.

Во следното последно коло во Ц групата, Словенија на 1 август ќе се соочи со фаворизираната Шпанија.