Мемфис убедливо го победи Далас 133-104, натпревар кој брзо ќе сака да го заборави Лука Дончиќ, Словенецот запиша натпревар далеку под својот просек.

Дончиќ мечот го заврши со за него скромни 12 поени со 4/16 за два од игра, 0/4 за три поени. Морант беше најефикасен кај победничката екипа со 24 поени, Брукс запиша 22 на мечот.

Бостон и Мајами одиграа ефикасен натпревар со резултат 121-129, Вокер најефикасен на средбата со 36 поени. На останатите средби, Шарлот-Денвер 112-117, Детроит – Минесота 100-119, Торонто – ЛА Клиперси 96-115, Индијана-Филаделфија 103-94, Чикаго – Бруклин 107-115 и Милвоки-Орландо 114-102.