Далас го совлада Бостон Селтикс со 110:107 во натпревар од НБА лигата, пред се благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ.

Словенецот постигна вкупно 31 поен, десет скокови и осум асистенции а клучни беа негоите две тројки во последните 15 секунди од мечот.

НБА резултати: Њујорк – Голден Стејт 106-114, Торонто – Филаделфија 102-109, Милвоки – Минесота 139-112 и ЛА Клиперс – Вашингтон 135-116, Кливленд – Атланта 112-111, Далас – Бостон 110-107, Денвер – Портланд 111-106, Орландо – Детроит 93-105, Бруклин – Сакраменто 127-118.