Франција ќе се бори со Аргентина за пласман во големото финале додека бранителот на тронот, САД ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место.

Французите предводени од Фурние и неговите 22 поени успеаа да го победат големиот фаворит и да приредат уште едно големо изненадување на СП во Кина.

За победникот Гобер имаше солидно попладне со 21 поени а Де Коло постигна 18. Кај поразените се издвои Мичел со 29 поени.

Во продолжение уживајте од најдоброто од соочувањето на Франција и САД.