Лука Дончиќ одигра уште маестрален натпревар, уфрли 41 поен, Далас го победи Хјустон со 137-123.

Со овие 41 поен, Дончиќ петта средба едно по друго уфрли 30 или повеќе поени на еден натпревар, со ова влезе во друштво со легендарните Мајкл Џордан, Расел Вестбрук и Џејмс Харден кои успеаа претходно да имаат ваков ефект.

Инаку Дончиќ покрај 41 поен на мечот со Хјутсон запиша 11 асистенции и 6 скокови. Кај поразената екипа Харден мечот го заврши со 32 поени.