Далас ја запиша четвратата победа во низа во новата сезона во НБА лигата откако славеше против Шарлот со 104:93.

Лука Дончиќ одигра уште еден незаборавен натпревар постигнувајќи 34 поени, 13 скокови и 9 асистенции.

Ла Лејкерс предводен од Леброн Џејмс и неговите 26 поени, 6 скокови и 7 асистенции запиша убедлива победа против Оклахома од 128:99.

На останатите натпревари:

Детроит – Милвоки 101:110
Њујорк – Бруклин 109:116
Минесота – Мемфис 107:118
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 111:106
Сакраменто – Портланд 126:132