Мајами поведе со 2-0 во серијата до четири победи во полуфиналето на Истокот, откако синоќа триумфираше над Бостон со 106- 101 во уште нивни двобој со неизвесна завршница.

Бостон доминираше на почетокот и кон крајот на вториот дел имаше предност од 17 кошеви, но Мајами не само што се врати во игра, туку и поведе со плус седум.

Следеше нова серија на Бостон од 15-2 и драматична завршница во која Брајан го промаши шутот кој можеше да им донесе продолженија на Бостон.

Предводник до вториот триумф на Мајами беше Словенецот Горан Драгиќ со 25 поени (10/19), три скока и пет асистенции.