Мајами е на чекор големото финале во НБА лигата, го совладаа Бостон  112-109 и ја запишаа третата победа во четвртиот натпревар.

Натпреварот беше неизвесен од почеток до крај, Мајами  загуби само една четвртина, н она крајот славеше победа со три поени разлика, резултатот по периоди 24-23, 26-21, 27-32 и 35-33.

Еден од најмладите играчи на Мајами, Тејлор Хиро беше најефикасниот кај победничката екипа со 37 поени, тој е втор 20-годишен кошаракар кој во историјата на плејофот  кој постигнал 37 поени, претходно тоа му успеало на Меџик Џонсон во 1980 година кој натпреварот го завршил со 42 постигнати кошеви.