Кошаркарите на Мајами се израдуваа на победа над Милвоки од 105:89 во натпревар на кој најдобриот играч на поразените, Јанис Адетокумбо беше задржан на 13 поени.

Кроудер и Батлер постигнаа по 18 поени во победничкиот состав, Драгиќ средбата ја заврши со 15 поени.

Далас неочекувано загуби од Чикаго со 109:107. Хардавеј уфрли 26 а Дончиќ 23 поени но немаа вистинска поддршка од соиграчите за да го избегнат овој пораз.

На останатите натпревари:

Атланта – Мемфис 88:127
Сан Антонио – Индијана 111:116
Кливленд – Јута 113:126
Њујорк – Хјустон 125:123
Орландо – Портланд 107:130