Кошаркарите на Мајами остварија важна победа на гостувањето кај Бостон од 130:124 со која направија чекор напред во обезбедувањето на деректен пласман во НБА плејофот.

Мајами успеа да реализира 79 поени во првото полувреме и покажа дека предводен од Батлер и неговите 28 поени, 8 скокови и 11 асистенции, нема да дозволи кикс.

Ла Лејкерс го совладаа Феникс со 123:110 и остана во игра за разигрувањето за титулата во НБА лигата. Ентони Дејвис одигра одличен натпревар со 42 поени и 12 скокови.

НБА резултати: Шарлот – Љу Орлеанс 110-112, ЛА Клиперс – Њујорк 100-106, Бостон – Мајами 124-130, Сакраменто – Оклахома, Детроит – Чикаго 96-108, Орландо – Минесота 96-128, Кливленд – Далас 97-124.