Фановите на Далас Маверикс синоќа против Детроит конечно ги видоја на терен младите надежи на тимот од Тексас, Лука Дончиќ и Кристап Порзингис во рамки на подготвителните мечеви од НБА лигата.

Словенецот беше најефикасен во тимот на Маверикс со 21 поен, а покрај тоа повторно ја воодуешеви публиката со неверојатен потег.