Македонската јуниорска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство, Б дивизија откако ја победи Естонија со 92:57.
Задоволни од постигнатото на континенталниот собир во Романија, нашите кошаркари го прославија успехот со познатата навивачка песна.
Шест од шест, перфектен скор и желба за пласман во големото финале ја карактеризира оваа генерација предводена од Тони Симиќ.
Comments are closed for this post.