Нашата јуниорска репрезентација ќе игра против Израел во полуфиналето на ЕП, Б дивизија во Романија.

Македонија денеска ја победи Естонија со 92:75 во четвртфиналето додека Израел вечерва беше подобар од Шведска со 95:47.

Во второто полуфинале ќе играат Полска и Чешка. Трите најдобри репрезентации од овој континентален собир обезбедуваат пласман во А дивизијата.