Македонската машка кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз во вториот меч од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Избраниците на Тодоров, беа надиграни од Русија со 77:67 во Перм во натпревар кој можеше да заврши со спротивен епилог.

Првата четвртина заврши во наша полза со еден разлика, 20:19 но на полувреме Русија 38:36. Во третата четвртина Русија ја зголеми предноста на плус четири. На една минута до крајот Македонија дојде до минус три 70:67 но не успеа да израмни и да го однесе мечот барем во продолженија.

Најефикасни во нашиот тим беа: Витингтон и Магдевски со по 14 поени, Војдан Стојановски постигна десет. Кај противникот одличен беше Витали со 23 поени, Кулагин уфрли 15 поени.

Во третото коло од евроквалификациите, Македонија ќе и гостува на Италија, натпреварот е закажан за 27 ноември, а до крајот на оваа година ја очекува и гостувањето кај Естонија на 20 ноември.