Нашата јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира во финалето на ЕП, Б дивизија откако вечерва загуби од Израел со 66:78.

Неефикасноста во втората четвртина во која избраниците на Тони Симиќ постигнаа само шест поени а противникот 27, ја чинеше нашата селекција прв пораз на еврособирот во Романија.

По овој пораз, Македонија сеуште има шанси за пласман во А дивизијата, во случај да ја победи Чешка во битката за третото место.

Предходно во воведното полуфинале, Полска ја победи Чешка со 76:58.