Американецот со македонски пасоша, Џејкоб Вајли и официјално е претставен како ново засилување за тимот на Касадемонт Сарагоса.
Македонскиот репрезентативец е задоволен од условите и приемот во новата средина.
„Сите ме пречекаа со раширени раце. Благодарност до соиграчите и стручниот штаб што ми го олеснија создавањето на многу позната атмосфера во која адаптацијата беше многу полесна. Мислам дека тоа го бараше тимот и зборувавме за тоа пред да дојдам тука. Се обидувам секогаш да бидам ист, каде и да играм. Системите, тренерите и соиграчите не се исти. Но јас се обидувам да се вклопам на најдобар начин.“– изјави Вајли.
Касадемонт Сарагота утре ќе гира против Хувентуд каде настапива нашиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.
Comments are closed for this post.