Долг период низ америчките медиуми се дискутира на темата дали денешните ѕвезди би се снашле во периодот на 90-те години кои се сметаат за најдобрите во исторјата.

На таа тема легендарниот Меџик Џонсон издвои пет играчи од денешната НБА кои би имале значајна улога во ерата на Ем-Џеј и Чикаго Булс.Тоа се Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Стеф Кари, Кевин Дурант и Јанис Адетокумбо.