Кошаркарот на Ефес Пилсен, Василије Мициќ е избран за МВП на второто коло од Евролигата. Српскиот плејмејкер во победата на Ефес над Алба постигна 23 поени и запиша 12 асистенции со индекс на корисност 32.

 

Мициќ изминатата сезона беше играчот со најголем напредок во Европа, а во одлична форма игра на почетокот на оваа година. Мицииќ и Ефес Пилсен минатата сезона играа во финалето на Евролигата каде загубија од ЦСКА Москва.