Кошаркарите на Милвоки ја запишаа првата победа во третиот натпревар против Бруклин во НБА разигрувањето откако славеа со 86:83.

Ова беше своевремена симултанка на двајцата најдобри во победничкиот тим. Мидлтон постигна 35 поени и 15 скокови а Адетокумбо мечот го заврши со 33 поени и 14 скокови. За Бруклин се издвои Дурент со 30 поени и 11 скокови.

Јута стигна до втора победа во серијата со ЛА Клиперс. Предбодена од Мичел и неговите 37 поени славеше со 117:111 и поведе со 2:0.