Кошаркарите на Милвоки Бакс го совладаа Феникс Санс на гости со 123: 119 и поведоа со 3: 2 во плејофот во финалето од НБА-лигата.

Херој на триумфот беше Јанис Адетокумбо, со спектакуларно забивање на 13 секунди до крајот.

Мечот го заврши со 32 поени, девет скока и шест асистенции, а одлично го следеа Крис Мидлтон со 29 поени, седум скока и пет асистенции и Дру Холидеј со 27 поени и 13 асистенции.

Кај Феникс, Девин Букер постигна 40, а Крис Пол 21 поен.

Милвоки својата прва меч-топка за титулата ќе ја има ноќта помеѓу вторник и среда на домашен терен.