Подготовките на за новата сезона во НБА лигата се одвиваат во полн ритам. Минатата ноќ беа одиграни три контролни средби.

Милвоки без Јанис Адетокумбо успеа да слави над Вашингтон со 115:108. Мидлтон мечот го предводеше победникот со 22 поени, кај поразените Бредли Бил постигна 20 поени.

Филаделфија беше подобра од Орландо со 124:96 додека Чикаго го совлада шампионот Торонто со 105:91.