Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром со пораз го започна настапот во плејофот во АБА 2 лигата откако загуби од Младост Земун со 95:75.

„Металците“ лошо го започнаа натпреварот, одиграа лошо во одбрана во првото полувреме по кое беа во негатива од 52:39.



Третиот период беше израмнет а нашиот тим постигна само еден поен повеќе. Во последниот нов налет на Младост за конечна победа од 20 разлика.

За Младост се издвоија Дрешел со 24 поени, Танасковиќ со 19 и Громбаулд со 18 поени. За МЗТ Скопје Аеродром најефикасен беше Карачиќ со 16 поени и 6 скокови, Тарнер постигна 10 поени, Крстевски девет.