Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа против Работнички со 84:82 во дервито на колото во АБА 2 лигата.

„Металците“ се израдуваа на победата благодарение на серијата од 8:2 во завршницата од мечот предводени од Олуџоби и на Крстевски.

„Ова беше интересно дерби во АБА 2. Задоволен сум од поголемиот дел на натпреварот, Факт е дека имавме контрола повеќе од 30 минути и заслужено победивме. Им честитаме на моите кошаркари за покажаниот карактер, не е лесно да водиш со 13 разлика, да губиш а потоа да во финишот да се вратиш и да победиш.“ – изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

Во следното коло МЗТ Скопје Аеродром во петок ќе игра против Ловќен, додека Работнички ќе се соочи со Сутјеска.