Мајк Џејмс потпиша едногодишен договор со московскиот прволигаш со најава дека тоа го прави поради амбициите кои ги има неговиот нов клуб,.

„Возбуден сум што ќе бидам дел од екипа со победнички менталитет. Чест ми е што тренерот Димитрис ме избра мене и што ќе се приклучам во екипата која ја освои Евролигата.“ – изјави Џејмс.

Мајк Џејмс во ЦСКА Москва пристигна од Милано а предходно играше и за Панатинајкос, Њу Орлеанс, Колос, Хапоел Елијн и за Загреб.